Многу е лесно да се фрли некое килце на себе доколку постојано се седи пред компјутер. Работното биро е совршено место за дебелеење, а причината е очигледна: комбинација од неподвижност и разни грицки кои сакате да си ги „мљацкате“ во текот на денот. Можете да ослабете ако се откажете од грицките, ја користите паузата за вежбање во теретана или, пак, почнете да ги практикувате овие 5 едноставни совети додека сте на местото на злосторството.
Понесете си ужина од дома
Тешкиот работен ден нема да ви дозволи да издржите само со ручекот. Оттаму и ви се јавува потребата за дополнително полнење на стомакот. Затоа, кога веќе сакате да ставите нешто плус во устата, тоа нека бидат 2 тенки парчиња кашкавал или диетален јогурт. Нема да внесете многу калории, а ќе ќе внесете протеини и ќе се чувствувате заситено.
Скријте ги грицките
Далеку од видик, далеку од ум. Ова е заклучокот од едно скорешно истражување кое покажа дека испитаниците изеле 70% повеќе бонбони кои стоеле во проѕирна тегла, за разлика од количината што ја изеле кога биле складирани во непроѕирна. Па затоа, наместо да ги чувате своите омилени грицки на бирото, каде што најверојатно нема да се задржат ни до 15 часот, тргнете ги настрана, во шкафче или во фрижидер.Ослабете додека седите на работното биро
Набилдајте ги стомачните мускули
Прилагодете ја висината на столицата така да колковите ви се на 3-5 см над колената. Потоа навалете се напред за да дојдете со градите над колковите и стегнете ги лопатките (зад рамената) за да го буткате градниот кош кон напред. Со ова едноставно движење ќе го ангажирате горниот дел од телото, па така можете да набилдате „чоколаден“ стомак.


