Времето минува и сфаќаш дека најскапи се работите што не се купуваат со пари.
Знаеш дека најголемите подароци што можеш да ми ги дадеш е рамо на кое ќе се потпрам кога сум уморна, кога сум тажна. Рака секогаш да ме крева кога ќе паднам. Прегратка за да ме стопли кога ми е ладно или кога само ми треба. Малку слобода кога треба да бидам сама со себе. Искрено простување кога грешам, кога сум лоша кон тебе и кон себе. Ова се најскапоцените подароци, љубов моја.
Знаеш ли дека за најслаткото љубовно писмо што ќе ми го напишеш, нема да ти треба лист хартија и пенкало, туку само твоето срце.
Сакајте и дејствувајте со своето срце, тоа никогаш нема да ве изневери.
Знаеш дека за најголемото изненадување што можеш да ми го приредиш, нема да ти требаат ни пари. Да ја подготвиш мојата омилена вечера, да ме однесеш на едно од нашите места, да одвоиш малку од твоето време само за мене – тоа значи многу.
Знаеш дека најубавиот начин да ми ја покажеш својата љубов е да не ја малтерисаш собата со срца, ниту да ми подариш убаво парче накит. И да ме бакнуваш, баш така, неочекувано и страсно, кога сме сами или дури и пред целиот свет.
Знаеш дека најголемото ветување што можеш да ми го дадеш е само никогаш да не заборавам дека љубовта се заснова на почит, доверба и простување, многу простување.
А знаеш ли дека можеш многу лесно да ме направиш најсреќна? Само насмевни се – денес и утре, секогаш кога ќе ме видиш и секогаш кога ќе ти паѓам на памет.
Затоа што среќата е кога среќата ти стои среќно покрај тебе!


