„Омразата што ја шириш“ (The Hate U Give)
Направен според истоимената новела на Енџи Томас, овој филм ги истражува расите, класите и можностите. Стар е црна девојка која живее во два света – соседството од пониска класа во кое има најмногу црнци и училиштето за повисоката класа во кое има повеќе белци.
„Спокојство“ (Ѕerenity)
Ен е жена која му дава опасен предлог на капетанот на нејзиниот рибарски брод и нејзин поранешен сопруг. Таа го замолува да го земе нејзиниот сегашен сопруг, да го однесе со бродот и да го остави на рибите. Се разбира, нештата тргнуваат на лошо многу брзо.
„Можеш ли некогаш да ми простиш?“ (Can You Ever Forgive Me?)
Мелиса Мекарти ја гледаме во улогата на Ли Израел која гледа како се руши нејзиното богатство. Обидувајќи се да заработи продавајќи ретки книги, таа налетува на лажно писмо и потоа почнува да пишува писма од познати луѓе со нејзиното пенкало.
„Избришано момче“ (Boy Erased)
Ова е вистинска приказна за синот на еден свештеник кој мора да одбере или терапија со која ќе ја „излечи“ хомосексуалноста или да биде избркано од неговото семејство и заедница. Оскаровците Расел Кроу и Никол Кидман ги гледаме во улога на родителите на момчето.
„Убаво момче“ (Beautiful Boy)
Стив Карел и Тимоти Каламет им се придружуваат на Ејми Рајан и Мора Тиерни за да ја раскажат срцепарателната приказна за борбата на еден татко против зависноста на неговиот син. Филмот е направен според два мемоари, еден на таткото и еден на синот.
„Лоши времиња во Ел Ројал“ (Bad Times at the El Royale)
Овој психоделичен криминалистички трилер спојува седум странци во модел во 60-тите. Парите, оружјата, бурите и прекрасниот Крис Хемсворт се заштитен знак на овој филм. Со актери како Дакота Џонсон, Џеф Бриџис и Џон Хам, овој филм ветува многу.
“Puss in Boots”
Анимираната авантура која ќе се појави во кината во ноември. Гласовите ги позајмуваат Салма Хајек и Антонио Бандерас.
“The Twilight Saga: Breaking Dawn, Part One”
Првиот дел од последното продолжение ќе се појави меѓу 16 и 18 декември ширум светот.
“Sherlock Holmes: A Game of Shadows”
После една година од филмот за легендарниот детектив, Шерлок Холмс повторно на платното. Роберт Дауни Џуниот, Џуд Ло и Нуми Рапас во главните улоги.
“The Girl With The Dragon Tattoo”
Долго очекуваниот филм според новелата на Стиг Ларсен, во кината ќе се појави во декември.