Ви ги претставуваме најосновните 8 придобивки од маслото од лаванда и зошто мора да го имате во вашиот дом.
- Помага за добар сон
Ставете 5 капки околу вашиот кревет или втријте 2-3 капки на вратот, градите и слепоочниците.
- Ја ублажува болката од изгореници
Од врели предмети или сонце помага и при повреди и исекотини.
- Ги смирува кожните воспаленија
За да го направите ова, измешајте лаванда со кокосово масло и нанесувајте на проблематичната област два пати на ден. - Помага против анксиозност и стрес
Маслото е познато по своите релаксирачки и смирувачки квалитети. Распрснете малку или намачкајте ги на слепоочниците, зглобовите и стапалата.
- Го контролира високиот крвен притисок
За таа цел на вашето работно место намачкајте малку од маслото – на овој начин ќе го избегнете стресот.
- Стимулира здрава рамнотежа на шеќерот во крвта
Маслото го спречува оштетувањето од високата гликоза во крвта. Намачкајте го вратот и градите, прснете во воздухот или додадете 1 капка во чај или вода. - Помага за здрава кожа и добар изглед
Антивоспалителните и смирувачките својства на маслото од лаванда се корисни и за дерматитис, егзема, псоријаза и акни. Може да се нанесува директно или како мешавина со кокосово масло за почувствителни луѓе.
- Помага против главоболки и мигрена
За ублажување на главоболката, вдишете го маслото 15 минути. Можете да втриете мешавина од масла од лаванда и нане во слепоочниците, задниот дел од вратот или зглобовите.