Зошто најинтелигентните луѓе страдаат најмногу од ментални нарушувања?
Научната литература ја потврдува поврзаноста на надареноста кај децата и процентот на алергии и астма. Едно истражување покажува дека дури 44% од децата со коефициент на интелигенција над 160 страдаат од алергии.
Врз основа на неколку различни студии, научниците заклучуваат дека врската помеѓу хиперинтелигенцијата и зголемената стапка на болести навистина постои и е многу реална. Колку е поголема активноста на мозокот, толку телото е похиперактивно, што на крајот доведува до преосетливост на телото дури и на најбенигните надворешни дразби.
Преиспитувањето и прекумерната загриженост што ја придружува зголемената свесност придонесува телото да биде во постојан режим на лет-напад, што поттикнува соодветни имунолошки одговори. Во идеални услови, имунолошкиот систем го лекува воспалението кога ќе се појави во телото, а потоа се враќа во неактивна, мирна состојба.
Кај луѓето со висок коефициент на интелигенција, имунолошкиот систем никогаш не мирува, бидејќи нивното тело никогаш не мирува, бидејќи нивниот централен нервен систем е постојано престимулиран. Така, природната рамнотежа во организмот се нарушува и доаѓа до хронично активирање на имунолошкиот систем, што дополнително доведува до негово влошување.
Авторите на студијата заклучуваат дека е многу важно да се продолжи со проучување на оваа врска помеѓу високата интелигенција (особено оние 2% од луѓето со највисока интелигенција) и болестите. Високиот коефициент на интелигенција може да биде и подарок и проклетство.
Важно е детално да се испита како станува едно, а друго, од кои фактори зависи дали високата интелигенција некому ќе донесе корист или ќе го направи животот пекол.
На крајот на денот, важно е да се признае и да се прифати дека во секој брилијантен ум постои оваа темна сила која демне некаде во тајност. Да се признае од научна гледна точка, да се знае, да се проучува, значи да се внимава и да се направи првиот чекор во негово зауздување, одземање на моќта и совладување, пренесува Аваз.ба.


