МАГИЧЕН ПИЈАЛОК ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ЦРНИОТ ДРОБ

Црниот дроб е исклучително важен орган. Животот е невозможен без него. Тој е одговорен за чистење на телото од токсини, за метаболизмот, за синтеза на ензимите, за производство на крвни зрнца и многу други процеси во телото. Но, како што црниот дроб ги отстранува токсините од телото, така и самиот има потреба од детоксикација. Поради работата, неправилната исхрана и нездравиот начин на живот, во него се акумулираат токсини кои му пречат на функциите.

Редовната детоксикација на црниот дроб е од суштинско значење за правилно функционирање на овој незаменлив орган. Периодичното внесување на пијалоци со детокс ефект го стимулира ослободувањето на токсините и чистењето на црниот дроб.

Напитокот содржи сок од портокал, сок од лимон, мед, спанаќ, нане и прочистена (зовриена) вода. Соковите од портокал содржат витамин Ц и антиоксиданси кои стимулираат детоксикација и отстранување на нечистотиите од црниот дроб.

Спанаќот и нането се зелени билки со многу моќни антивоспалителни и антиоксидантни својства.

Медот е другата компонента во овој пијалок за детоксикација која ја надополнува неговата антибактериска, антисептична и антиоксидантна природа.

Состојки:

Сок од 1 портокал;
Сок од 1 лимон;
2-3 лажици мед;
1 грст свеж спанаќ;
1 грст свежо нане;
600 мл зовриена вода.

Загрејте ја водата на шпоретот. Кога ќе почне да врие ставете ги спанаќот и нането. Оставете ги да се динстаат во водата околу 5 минути. Се трга од оган и се остава уште 5 минути. Оставете ја водата целосно да се олади.

Изладената вода процедете ја. Во неа додадете ги соковите од лимоните и портокалите. Додадете го медот и мешајте додека целосно не се раствори.

Конзумирајте го напитокот наутро и навечер на празен стомак во рок од еден месец за најдобри резултати.