Запушените артерии се поврзани со поголем ризик од развој на болести опасни по живот.
Наслагите на холестерол во артериите ја згуснуваат крвта, зголемувајќи ја веројатноста за нивна блокада, делумно и целосно.
„Кога се блокирани, доаѓа до сериозно намалување на протокот на крв во срцето. Ова може да доведе до разни коронарни заболувања опасни по живот“, вели руската докторка д-р Тамара Илинскаја во интервју за Медик Форум.
Храна која ги чисти артериите
Некои намирници содржат супстанции кои го подобруваат функционирањето и состојбата на садовите, васкуларната спроводливост и протокот на крв. Тие го спречуваат развојот на атеросклероза.
Овие намирници можат да бидат особено ефикасни во помагањето да се исчистат масните наслаги од артериите.
Различни видови на семиња
Многу семиња содржат антиоксиданси и влакна кои се добри за промовирање на здравјето на срцето и спречување на затнувањето на артериите.
Семињата како ленено семе и чиа се особено богати со антиоксиданси и влакна. Нивното консумирање позитивно влијае на нивото на инсулин во организмот, што е важно за спречување на појава на дијабетес.
Домати
Овој зеленчук (особено ако е варен) е богат со ликопен, кој е добро познат по неговата способност да го намали нивото на холестерол во телото. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат домати имаат многу помал ризик од разни срцеви заболувања и состојби.
Јаткасти плодови
Оревите се сметаат за најкорисни јаткасти плодови за крвните садови и срцето. Нивното редовно консумирање помага да се отпушат артериите, што го прави снабдувањето со крв во миокардот поефикасно.
Зелен лиснат зеленчук
Спанаќ, брокула, зелка – нивното вклучување во исхраната се верува дека штити од разредување на ѕидовите на артериите.
Лук
Богат е со сулфурни соединенија кои помагаат во намалување на воспалението, нивото на холестерол и крвниот притисок.
Агруми (јужно овошје)
Не само што се добар извор на витамини, тие се богати и со антиоксиданси наречени флавоноиди, кои се ефикасни во намалувањето на воспалението и нивото на холестерол.
Важно: Написот е само за информативни цели и не ја заменува консултацијата со специјалист!