Злоупотребата на слатки доведува до намалување на активноста на клетките на имунолошкиот систем. „Ако јадете бонбони, бисквити, слатки колачи или пиете газиран пијалок во преголеми количини, односно три пати или повеќе на ден, тоа ќе му наштети на вашиот имунитет“, објаснува нутриционистката Елена Игнатикова.
„Луѓето со дијабетес и други метаболички нарушувања се меѓу најранливите на инфекции. Специјалистот препорачува да се „фрлат“ слатките од менито во период кога има пораст на инфекции, како што е коронавирусот. Употребата на алкохол придонесува за намалување на имунитетот. Според неа, изјавата дека 50 гр вотка дезинфицира се одвнатре не е точна. Алкохолот само му штети на нашето тело“.


