Душата е највредното нешто за човекот. Мораме да бидеме многу внимателни со неа бидејќи таа може да биде повредена, па дури и уништена со само неколку постапки.
Еве кои се тие:
Не ги бркаме доволно нашите соништа
Ако имате сон, направете се за да го постигнете – вложете напор и не се откажувајте кога ќе наидете на тешкотии. Мора да бидете храбри и да ризикувате, само така ќе го добиете она што го сакате и ќе си ја израдувате душата.
Понекогаш се преправаме дека сме она што не сме
Секој човек на овој свет е единствен. Можеби не сте совршени, но вие сте тоа што сте. Зошто сакаш да бидеш некој друг? Ако се преправате дека сте некој што не сте, ја уништувате вашата душа.
Сакате да ги задоволите луѓето околу вас
Можете ли да замислите да го поминете вашиот живот постојано восхитувајќи се на туѓите желби? Што е со вашите желби и соништа? Немојте само да ги фрлате! Бидете добри со луѓето, но мислете и на себе!
Не го пушташ минатото
Што било, било – зошто да не го оставиме таму, во далечното минато. Секој прави грешки, се однесува на одреден начин, а понекогаш тоа не им се допаѓа. Но, заборавете на минатото. Го имате само сегашниот момент, затоа земете ги работите во свои раце.