ХРАНА ШТО ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ ЗА ПОЈАДОК

Храната што ја избираме да ја јадеме кога ќе се разбудиме зависи од тоа дали ќе имаме доволно енергија за да ги завршиме сите задачи и обврски. Токму тука многу луѓе грешат при изборот на храна за појадок. Нутриционистката Марина Копитко откри со која храна не треба да го започнувате денот бидејќи драстично влијае на дебелеењето, многу повеќе од некои други висококалорични намирници.

– Кроасанот е храна која има неурамнотежен сооднос на хранливи материи и висока содржина на јаглени хидрати. Тој е калоричен и се што ќе правите кога ќе го јадете е да го започнете процесот на таложење на маснотии во организмот – вели нутриционистот и додава дека е уште поштетно ако се конзумира со првото утринско кафе.

Ова најпознато француско пециво е направено од висококвалитетно брашно, но не содржи минерали и диетални влакна, кои се неопходни за започнување на метаболизмот, а со тоа и согорување на мастите. Доколку веќе сте љубители на тестото, наместо кроасани, таа препорачува да јадете леб, кифлички или други производи од интегрално брашно, што нема драстично да влијае на дебелеењето.