ПРОБЛЕМИ ВО СЕКСУАЛНИОТ ЖИВОТ- ЕРЕКТИЛНАТА ДИСФУНКЦИЈА

Еректилната дисфункција (ЕД) или импотентност е нарушување на сексуалната функција кое се карактеризира со неможност да се постигне или одржи ерекција на пенисот за време на сексуална активност за постигнување задоволителен сексуален акт.
Застапеноста на еректилната дисфункција по возраст е следната:
20-30 години 5-10%
40-50 години 20-40 %
над 50 години 50-70%

Како причини за импотентност може да се наведат постара возраст, висок крвен притисок, дијабетес, пушење, атеросклероза со високи нивоа на масти во крвта, депресија, невролошки нарушувања, хормонален дисбаланс, несакани ефекти на медикаменти, злоупотреба со алкохол и наркотични средства, ниски нивоа на тестостерон во крвта и сл.

Многу пациенти од машки пол се загрижени за немоќта во спалната. Оваа загриженост не е целосно неоснована, бидејќи еректилна дисфункција имаат половина од пациентите со срцево заболување и до 80% од пациентите со сериозно заболување на левата комора. Покрај тоа, сексуалните проблеми може да се влошат како што напредува срцевата болест. Сепак, ова не е причина да се откажеме од оваа активност од која имаме ментални и физички придобивки. 

Еректилната дисфункција претставува голем проблем за општеството ако се земе предвид неговата преваленција и влијанието врз квалитетот на живот, а претставува и фактор на ризик за кардиоваскуларни болести, деменција и севкупна смртност. Заради ова, исклучително важна е превенцијата.

Секојдневното вежбање е битен дел од превенцијата, како и здравата исхрана. Редовните сексуални односи пружаат двојни придобивки: покрај тоа што го подобруваат квалитетот на вашиот живот и живеете исполнето, позитивно влијаат и на кардиоваскуларниот систем.

Најдобар начин за превенција на еректилната дисфункција е да изберете соодветен стил на живеење и успешно да се справувате со било кои постоечки здравствени проблеми. Нема потреба да се лишувате од сексот.