ЛЕКАР УРНА 5 МИТОВИ ЗА ЗДРАВЈЕТО ВО КОИ МНОГУМИНА ВЕРУВААТ

Не треба да ги чистиме ушите

Во ушите има влакна кои го исфрлаат восокот. За чистење на восокот (церуменот) нема потреба да се залепува стапче во увото. Секој пат кога го правите ова, ризикувате да ги оштетите влакната и слузницата, што може да доведе до инфекција. Освен тоа, случајно може да го дупнеш тапанчето“, објасни таа, а потоа посочи дека не треба да се трудиме да го извадиме целиот церумен од нашите уши, бидејќи ни треба како заштитно средство.

Не треба да пиеме осум чаши вода дневно

Иако е важно да останете хидрирани, приказната за осум чаши вода дневно е мит, тврди таа.

“Не можам да најдам никаков доказ дека треба да пиеме осум чаши вода дневно. Колку вода ви треба зависи од вашиот пол, возраст, нивото на физичка активност, средината во која живеете и други параметри”, вели таа.

Не можеме да настинеме затоа што ни е ладно

Многумина веруваат дека излегувањето надвор за време на студеното време може да предизвика настинка.

„За да се настинете, треба да закачите вирус. Затоа, да се биде во ладна средина не е причина за настинка“, вели д-р Кајат.

Зглобовите кои крцкаат не се причина за артритис

Ако имате навика да ги пукате зглобовите, немојте да мислите дека ќе добиете артритис, вели докторката и додава дека причина за загриженост е само доколку чувствувате болка или оток.

Правилото од пет секунди не е реално

Според правилото од пет секунди, можеме да јадеме храна која паднала на подот ако не била на под повеќе од пет секунди. Сепак, според докторот, тоа навистина не е точно.

“Да, храната има поголема веројатност да собира бактерии ако е подолго на подот. Но, тоа може да се случи за секунда. Добрата вест е дека ќе преживеете”, се пошегува таа.