ШЕСТ МИТОВИ ЗА ВИТАМИН Ц

Со оглед на тоа што е толку важен за организмот, за него може да се слушнат многу тврдења, но некои од нив, за жал, не се точни.

Еве шест од најчестите митови за витаминот Ц:

Мит 1: Витаминот Ц е лек за настинка

Ова е веројатно еден од најголемите митови. Витаминот Ц го подобрува имунитетот, но нема докази дека ја лекува настинката како што се мисли. Ако се разболите, а потоа го зголемите внесот на витамин Ц, тоа нема да го забрза вашето закрепнување.

Мит 2: Портокалите се најголемиот извор на витамин Ц

Всушност, пиперките имаат повеќе витамин Ц од агрумите, како што се портокалите и лимоните, па ако сакате да додадете повеќе од овој витамин во вашата исхрана, истражете што друго овошје и зеленчук содржи витамин Ц. Исто така, вклучете ја зелката во вашата исхрана, бидејќи е богат со овој витамин.

Мит 3: Витаминот Ц е најважен за имунитетот

Витаминот Ц не е важен само за имунитетот, тој помага и во други функции во телото, како што е синтезата на допамин, кој игра важна улога во контролирањето на функциите на мозокот и регулирањето на расположението, пишува Times Of India. Исто така, ако земате железо како додаток или преку храна, витаминот Ц ќе ви помогне да го апсорбирате што е можно подобро.

Мит 4: Треба да внимаваме на внесот на витамин Ц само кога сме болни

Често се случува симптомите на некоја болест да се појават кога таа е веќе напредната, па затоа е важно редовно да ги внесуваме сите важни витамини во организмот, вклучително и витаминот Ц, а не само кога сме сигурни дека здравјето ни е нарушено.

Мит 5: Колку повеќе витамин Ц консумирате, толку е подобар вашиот имунитет

Секој витамин има одредено ниво што му е потребно на телото. Не е добро ако ги има премалку. Исто така, не е добро ако ги има премногу, бидејќи може да доведе до труење со витамини. Важно е да се одржува рамнотежа.

Мит 6: Додатоците на витамин Ц предизвикуваат зголемување на телесната тежина

Иако многу луѓе мислат дека земањето премногу витамин Ц може да доведе до зголемување на телесната тежина, тоа не е точно. Неколку студии докажаа дека нивото на витамин Ц во организмот е обратно пропорционално на телесната тежина, пренесува City Magazine.