1. Кефир
Овој производ содржи калциум кој подобро се апсорбира во вечерните часови, како и корисни бактерии кои се добри за варење. Нема многу калории, а треба да изберете која содржи 1-1,5% млечни масти.
2. Мисиркино месо
Друга добра опција за вечера. Оваа храна содржи и малку калории и протеини кои даваат чувство на ситост, а се важни и за добар метаболизам. Обидете се да не претерате и да не земате повеќе од 80 грама.
3. Бадеми
Овие јаткасти плодови содржат магнезиум кој делува смирувачки на нервниот систем. Но, бадемите содржат многу калории, па ни вие не треба да претерувате.
4. Јаболка
Пред спиење, печените јаболка се подобра опција од свежите. Нискокалорични се и даваат чувство на ситост.
5. Цреши
Одличен извор на гореспоменатиот триптофан, а исто така помагаат и полесно да заспиете. Сепак, ова овошје содржи многу шеќер, па затоа не треба да јадете повеќе од неколку овошја.