ШТО ЈА ЗАЈАКНУВА ЕРЕКЦИЈАТА КАЈ МАЖИТЕ, А ШТО МОЖЕ ДА ЈА „УБИЕ“

Ефектот на кондомите

Кондомите можат да влијаат на ерекцијата, но тоа не е причина да ги избегнувате. Важно е да најдете кондом со големина што ви одговара, а потоа користењето ќе ви стане навика. Експертите забележуваат дека во повеќето случаи проблемот со ерекцијата не се должи на кондомите, туку на други работи како воспаление на простатата или слаба циркулација.

Мастурбација

Ако мажот немал секс и не мастурбира неколку дена, тоа ќе влијае и на неговата ерекција. Во овој случај, ерекцијата е цврста, а пенисот може да изгледа дури и поголем. Причината за ова е зголемен проток на крв во органот.

Пури

Пурите се штетни за сите органи, вклучувајќи ги и половите органи. Никотинот може лошо да влијае на циркулацијата на крвта, што е пресудно за цврста ерекција.

Повеќе месо, „помека“ ерекција

Едно истражување покажало дека јадењето премногу месо лошо влијае на ерекцијата. Па, ако сте забележале проблем, обидете се да консумирате повеќе овошје и зеленчук.

Колку ерекции дневно се нормални?

Машкиот и женскиот генитален орган се „направени“ на поинаков начин, па поради тоа е различна и сексуалната желба кај двата пола. Во просек, мажите имаат околу 11 ерекции во текот на денот и околу девет за време на спиењето.