ОБЈАСНУВАЊА КОИ НЕ ГИ ДОЛЖИТЕ НИКОМУ

Роднини, пријатели, колеги – не ве уморува тоа што понекогаш (некогаш и многу често) ве оптоваруваат со нивното мислење за вашиот личен избор? Вие понекогаш може да се чувствувате должни да одговорите на нив, но некои работи се само ваш проблем. Запомнете, не должите никому објаснување за …

… вашите приоритети во животот. Вие најдобро знаете што ве прави среќни, што ќе ве задоволи. Без разлика дали ќе изберете да се фокусирате на вашето семејство или на вашата кариера, никој нема право да ви суди во двата случаи.

… вашиот изглед. Ова не ја дефинира вашата вредност како личност. Погледнете се и облечете се како што ви се допаѓа, а не како што налага критичкото око на вашата мајка, другарка, комшивка…

… потребата понекогаш да се биде сам. Не грижете се ако ве сметаат за асоцијални или груби. На сите ни треба време да се релаксираме со нашите мисли.

… вашите преференции во исхраната. Никој нема право да ви каже што да јадете или да не јадете. Дали сакате пица? Ова е ваша работа. Нека колешката, која живее само на салата, да се грижи за својата.