ЗОШТО ТРЕБА ДА БИДЕТЕ ДОТЕРАНИ СЕКОЈ ДЕН?

Научно е докажано дека ни се зголемува самодовербата, само со тоа што сме дотерани. Едноставно се однесуваме поинаку, се движиме поинаку. Затоа е добро секој ден да сте дотерани.

  1. Кога сте убаво облечени ви се подобрува расположението.
  2. Оставате подобар впечаток кај другите.
  3. Никогаш не знаете на кого ќе налетате. Зарем не посакувате да изгледате најдобро што можете?
  4. Животот е прекраток за да носите досадна облека. Внесете живост во вашиот стил.
  5. Самодоверба. Кога изгледате убаво, така и се чувствувате.
  6. Облеката е начин на самоизразување. Изразете се преку вашиот стил.
  7. Со помош на облеката можете да ги истакнете вашите најдобри атрибути.