Циметот е одличен додаток на кафе, млеко и слатки. Покрај тоа, тој се смета за еден од најкорисните зачини бидејќи обезбедува многу корисни материи за организмот.
Важно е да знаете неколку работи за него.
- Околу половина лажичка цимет дневно е сосема доволна за намалување на нивото на шеќер во крвта кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2.
- Благодарение на ароматичниот зачин, брзината на преработка на храната драстично ќе се намали, што значи дека нема постојано да чувствувате глад.
- Преку циметот може да се зајакне имунолошкиот систем , бидејќи зачинот помага да се апсорбираат антиоксидантите од друга храна.
- Кафеавиот прав има својство да ја подобрува циркулацијата на крвта.
- Го забрзува метаболизмот на многу пријатен начин.
- Зачинот служи како природен засладувач, што значи дека лесно можете да го исклучите шеќерот и на тој начин да го намалите внесот на калории.
- Ако кремот и шеќерот ги замените со половина лажичка цимет, ќе бидете пријатно изненадени од резултатот – екстраваганција на ароми.


