ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 СЕПТЕМВРИ

Овен

Имате убедливи аргументи, но некому не му е грижа дали вистината ќе излезе на виделина. Очекувајте тешки преговори. На вас влијае нечие однесување или одлука. Се обидувате да го потиснете вашето лошо расположение, но навистина не успевате. Посветете ги вечерните часови на вашето омилено хоби и релаксација.

Бик

Некој се обидува да ве поттикне на поинаков начин на размислување или да ги прошири вашите когнитивни хоризонти во различни правци. Партнерот добро ги препознава вашите намери, без разлика на емотивната игра што ја играте. Не можете да ја скриете вистината. Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.

Близнаци

Треба да преземете активна улога или да се ориентирате кон практични решенија. Тоа ќе покаже дека успехот е на ваша страна. Делувате задоволно и инспиративно, добивате емоционална поддршка од личност која има важно место во вашиот живот. Направете нешто корисно како поддршка за подобар изглед и подобро расположение.

Рак

Не можете да ги измамите соработниците со приказна што ја импресионира вашата суета и да игнорирате нечија остроумност. Изгледате вознемирено, барате нечија прошка и избегнувате емотивно ривалство. Контролирајте ги вашите импулси. Ќе уживате во релаксација со вашето омилено хоби.

Лав

Одбивате да прифатите туѓа улога во преговорите, не сакате да бидете надвор од главните настани нa деловната сцена. Некој ве поттикнува да бидете во добро расположение. Во согласност со вашите афинитети, можете да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание. Слободното време посветете го на рекреација, ќе уживате во прошетка.

Девица

Ваше е да ги создадете основните услови и да ја поведете главната иницијатива, а на некој друг е успешно да ги реализира вашите идеи. Во духот на емотивната инспирација, испланирајте романтична забава или нова љубовна средба. Ќе бидете задоволни од нечие внимание и наклонетост. Охрабрете го доброто расположение во себе.

Вага

Избегнувајте прекумерна изложеност во друштво на соработниците. Треба да смислите резервна опција, бидејќи секогаш постои факторот изненадување. Бидете внимателни и воздржани пред блиска личност. Повнимателно анализирајте го партнерот, за да дешифрирате дел од скриените пораки. Важно е да се акумулира позитивна енергија.

Скорпија

Пред вас се различни обврски кои бараат заеднички договор и финансиска соработка. Обидете се да разберете нечија беспомошност или емоционална слабост. Не бидете арогантни и покажете дека сте тука за некоја блиска личност. Уживајте во вашиот свет на интимност.

Стрелец

Се обидувате да ги остварите вашите деловни планови, но има ненадејни проблеми кои ве забавуваат. Чувствувате непријатност. Партнерот не ги слуша доволно вашите објаснувања, а вие немате трпение. Поминете ги вечерните часови на помирен начин, опуштете се.

Јарец

Не ви се допаѓа нечија улога на деловните состаноци, но не треба да се оптоварувате со проценување на туѓите вредности. Ви недостига трпение, а на партнерот му недостасува храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги меѓусебните страсти. Обрнете внимание на правилната исхрана.

Водолија

Повнимателно избирајте ги зборовите при средбите со колегите. Дипломатската нота станува неизбежна, особено кога за неа постои добар деловен интерес. Обрнувате премногу внимание на некои споредни настани кои дополнително ве оддалечуваат од вашата сакана личност. Потребен ви е подобар психолошки баланс, опуштете се.

Риби

Изгледате мудро или надмено пред вашите деловни соработници. Нема потреба да се наметнувате. Избегнувајте емотивни провокации кои можат да ве доведат до погрешно однесување. Ќе уживате во приватна забава во избрано друштво.