За мажите и жените, секој тип на предигра која вклучува допирање и покажување меѓусебна интимност помага да се ослободи окситоцинот и другите љубовни хормони – објаснува американскиот доктор Стив МекГау, професор по клиничка сексологија и директор за истражување и развој во Wellness за жени и парови.
Токму овие хормони можат да го подобрат сексуалното искуство, интимноста и да помогнат во намалувањето на ефектите на кортизолот и другите хормони на стрес.
Студијата го испитувала времето на предигра помеѓу хетеросексуалните парови, а резултатите покажале дека и мажите и жените сакаат предиграта да трае 18 минути.
Сепак, истражувањето покажа дека во просек трае само околу 11 минути за жените и 13 минути за мажите.
Експертите открија како лесно можете да ја „зачините“ предиграта – на врвот на листата е лубрикант. Без него задоволството може да биде непријатно, а за некои дури и болно.