ТЕСТ СО КАРТИ: ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ОВАА ЕСЕН?

Изберете картичка и видете што ви подготвила судбината!

Картичка број 1

Работа, работа, работа
Дали очекувавте нешто друго не знаеме, но за вас есента ќе помине под мотото работни задачи. Нови проекти, промена на работното место или унапредување.

Обидете се да гледате позитивно – иако мислите дека не заслужувате толку напорно секојдневие, во одреден момент може да испадне дека тоа ве подготвило за поголеми обврски. Овие напори нема да останат незабележани – можете да бидете сигурни во тоа. Не се откажувајте и дочекајте ги предизвиците со раширени раце!

Картичка број 2

Нова љубов
Бидете подготвени со паѓањето на лисјата да дочекате нова љубов! Ако веќе сте свршени – можете да бидете сигурни дека ве очекуваат изненадувања – можеби предлог за брак?

Обидете се да останете смирени (колку што е можно) и разумни. Добро размислете пред да тргнете во авантура.

Ако сте од оние жени кои ја следат својата интуиција – препуштете го размислувањето на некој друг! Следете го повикот на вашето срце и смело впуштете се во животот и она што тој го подготвил за вас!

Картичка број 3

Авантури
Без разлика дали се работи за изненаден одмор – подарок од партнерот или предлог од пријател – подгответе се да доживеете авантури за кои не сте ни сонувале! Верувајте – тоа е можно! Не брзајте да ја одбиете поканата со аргумент дека сега не е време и дека немате време.

Обидете се да ги завршите сите работни обврски на време – на овој начин ќе можете да најдете место и да вклопите нешто ново и возбудливо во вашиот распоред. Живејте овде и сега! Уживајте во подароците на судбината! Вие го заслужувате тоа!

Картичка број 4

Желбите се остваруваат
Очекувајте позитивна промена – исполнување на некои ваши соништа. Без разлика дали се работи за преселување во куќа, добивање унапредување за работа или добивање на наследство, вашиот сон конечно ќе се оствари! Свесно или не, верувајте, секој чекор што сте го направиле досега ви помогнал да го заработите овој подарок од судбината. Ништо во вашиот живот не доаѓа бесплатно! Уживајте во победата и заблагодарете му се на универзумот!

Картичка број 5

Пазете се од непријателите
Размислете добро и прашајте го вашиот внатрешен глас – дали околу вас има луѓе кои не го заслужуваат вашето пријателство? Ако одговорот е „Да“ – подобро е да ги отстраните од вашиот живот пред да биде предоцна! Очекувајте есента да ви донесе разочарувања поврзани со блиски познаници – можеби ја давате вашата енергија и мисли на луѓето кои не ја користат добро? Бидете подготвени да се соочите со предавството и знајте дека се што се случува е за ваше добро!

Наместо да трошите време и да се жалите, заблагодарете се на судбината што ве спасила од друга бескорисна личност! На крајот на краиштата, како и во секој аспект од животот, тука не е важен квантитетот, туку квалитетот!