Jапонските деца се меѓу најздравите и најсреќните во светот. Иако јапонскиот стил на родителство е малку поразличен од нашиот, постојат неколку општи трикови кои дефинитивно не е лошо да ги испробате ако досега не се сте обиделе да ги промените во воспитувањето на вашето дете.
Пофалбa за напор, а не за способност
Пофалете го секогаш детето за неговата работа, а не за неговата способност како истата ја извршува. Овој начин на охрабрување и пофалби важи дури и кога детето има проблем со справувањето на обврската, бидејќи родителите веруваат дека по пофалбата ќе се обиде да ја исполни уште повеќе.
Почит
Учете ги децата уште од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите лица и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.
Прошетка
Од мали нозе учете ги децата да стигнат до повеќето места користејќи ги нозете. Пример продавница, училиште, игралиште.
Без викање
Во Јапонија, тоа е дисциплина на „шитсуке“. Зборот може грубо да се преведе како „образование“. Наместо да викааат по децата, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото да се посочи детето на размислување за последиците од она што го сторило и самото да увиди каде е грешката.
Независност
Учете ги децата да бидат независни и полни со самодоверба. Оставете ги да ви помагаат во домашните работи од почеток за да продолжат со такви навики во градинка и училиште.


