Оргазмичката медитација е, едноставно кажано, поврзаност, предавање и ранливост.
Крајната цел не се сведува на самиот оргазам, туку на хармонија меѓу партнерите. Свеста окупирана од телото е таа што на крајот води до многу експлозивни кулминации, вели Марла Рене Стјуарт, експерт за секс од Соединетите Американски Држави.
– Наместо да се чувствувате под стрес поради сексот и да го оставите вашиот ум да талка, медитацијата за оргазам ќе ви помогне да ги задржите мислите на место за да можете да се концентрирате на чувствата и поврзаноста. Тоа е медитација насочена кон придвижување на вашата духовност и вашата сексуалност заедно. Работите на дишењето, присутен сте, ритмички го движите телото – објасни Стјуарт и додаде дека има неколку специфики на ваквата практика.
– Посебно внимание ќе сакате да посветите на клиторисот, особено на горниот лев дел. Нежно ќе ја галите оваа област како што би го галеле вашиот очен капак: нежно, истакнува таа и продолжува:
– Може да се чувствувате духовно поврзани со оргазмот, со универзумот, со енергијата, со вашиот љубовник. Тогаш не само што ослободувате хормони на среќа како во сексот, туку и духовно се усогласувате еден со друг.
Како да се спроведе оргазмична медитација?
– Најпрво, живејте во моментот и не дозволувајте надворешните одвлекувања да ви пречат. Не размислувајте за други работи, само концентрирајте се на себе и на вашето тело. Иако овој процес е повеќе фокусиран на начинот на кој комуницирате со партнерот, крајните резултати се експлозивни.
– Она што обично се случува кога практикувате оргазмична медитација е дека вашата способност да дишете и да бидете присутни ви овозможува да постигнете посилни оргазми – додаде таа.