ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1 ОКТОМВРИ

Овен
Изгледате многу самоуверено, сега е совршен момент да остварите добри деловни контакти на различни страни. Ќе уживате во нечиј емотивен интерес, но потајно ќе сакате да ги тестирате своите вештини во ново друштво. Важно е правилно да ја канализирате вашата енергија.

Бик
Изгледате нескромно во изјавите пред колегите. Не дозволувате некој друг да одлучува за условите и деловно-финансиските интереси место вас. Нема потреба да спроведувате нови емотивни каприци или да ѝ пркосите на саканата личност, бидете одмерени во вашите барања. Слободното време посветете го на омиленото хоби.

Близнаци
Ве привлекуваат големи деловни предизвици или можност да ги тестирате своите способности под необични услови. Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно поврзување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака. Вие сте во одлична форма.

Рак
Се консултирате со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение. При средба со саканата личност, нема причина да се инсистира на некои споредни настани. Ќе уживате во релаксација или средба со стари пријатели.

Лав
Секогаш постои полесен или потежок пат до успехот. Внимателно анализирајте ги различните предизвици и можности кои постојат на деловната сцена. Денеска ќе уживате во друштво на блиска личност. Важно е да се чувствувате пожелно покрај некого. Емоционалната афирмација позитивно влијае на вашето расположение и мотивација.

Девица
Знаете како да се организирате и да ги завршите сите задачи на време и без многу врева. Со вашиот труд задоволувате високи критериуми. Додека вие изгледате безгрижно, вашиот партнер се обидува да разјасни многу дилеми во неговата глава. Некој индиректно го осудува вашето однесување.

Вага
Важно е да ѝ верувате на вашата интуиција, но и да ги прифатите корисните совети што ви ги нудат блиските соработници. Не го доведувајте во заблуда партнерот со погрешна приказна. Пред саканата личност не е важно што зборувате, туку она што го чувствувате. Ќе уживате во релаксација или некоја спортска активност.

Скорпија
Прифатете поскромна деловна понуда и не потценувајте нечии интелектуални способности. Изгледате збунето. Треба подобро да ги усогласите мислите и чувствата, за да го зачувате личното достоинство пред личност која добро го познава вашиот темперамент. Променете нешто во вашите секојдневни рутини, ќе направи разлика.

Стрелец
Некој го предизвикува вашето влијание. Бидете внимателни, повнимателно избирајте ги вашите соработници. Во врската со саканата личност, важно е и двајцата да се држите до договорот. Не ги прекршувајте правилата. Избегнувајте претерување или посегнување по старите лоши навики.

Јарец
Некој ја предизвикува вашата деловна репутација, што дополнително ви го комплицира животот. Бидете упорни во вашите намери. Планирајте средба со драга личност за која имате пријатни спомени и топла емотивна нота. Опуштете се. Важно е да се задржи позитивниот став.

Водолија
Договорот со една личност ве обврзува на строга дискреција. Важно е да научите добра лекција за деловното однесување. Сакате повеќе емотивно внимание и отстапки отколку што е можно, па вашиот партнер делува вознемирено и мрзливо. Избегнувајте неумереност, опуштете се.

Риби
Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, потребно е да најдете соодветен соработник. Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери. Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.