Со доаѓањето на есента и постуденото време, стануваме поподложни на настинки и вируси . За да го спречите ова, треба да го зајакнете вашиот имунитет , а најлесниот начин да го направите тоа е со разновидна исхрана. Сепак, одредени намирници се особено моќни, бидејќи претставуваат вистинска ризница на важни хранливи материи. Еве 5 евтини намирници кои го зајакнуваат имунитетот и го штитат организмот:
- Кисела зелка
Зелка содржи значителна количина на минерали, вклучувајќи калиум, магнезиум, фосфор, калциум и железо , како и витамини, меѓу кои има најмногу витамин Ц. Благодарение на бактериите од млечна киселина произведени за време на ферментацијата, киселата зелка придонесува за рамнотежа на цревната флора , што е многу важно за зајакнување на имунитетот.
- Јогурт и кефир
Бактериите на млечна киселина го подобруваат варењето и му помагаат на телото поактивно да ги апсорбира хранливите материи . Пробиотиците содржани во ферментираните млечни производи ја подобруваат микрофлората и го зајакнуваат имунитетот.
- Киви
Ова овошје е меѓу најбогатите кога е во прашање количината на витамин Ц. Благодарение на овој витамин се создаваат фагоцити – специјални клетки кои ги уништуваат микроорганизмите кои влегуваат во крвотокот. Исто така, витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го намалува оксидативниот стрес.
- Лук
Лукот содржи природен антибиотик – алицин , кој ги уништува штетните микроорганизми. Почнува да се произведува во лук по механичко оштетување, па добро е прво да го исечете или изгмечите, оставете да отстои десетина минути и дури потоа да го јадете.
- Ѓумбир
Овој корен содржи многу витамин Ц и витамин Б, а благодарение на гинџеролот ги уништува габите, вирусите и многу патогени организми и воспаленија.