Мажи во своите дваесетти
Во текот на своите дваесетти, мажите имаат високо ниво на тестостерон, хормонот одговорен за сексуалната возбуда, поради што мажите на оваа возраст најчесто имаат силен сексуален нагон
Од друга страна, околу 8 отсто од мажите во дваесеттите имаат повремени проблеми со еректилна дисфункција.
Мажи во триесеттите и раните четириесетти
Иако тестостеронот почнува полека да опаѓа околу 35-тата година од животот, многу мажи сè уште имаат силен сексуален нагон во текот на овие години. Нивото на тестостерон обично се намалува за околу еден процент годишно, но кај некои мажи може да се намали побрзо, што може да влијае на нивниот сексуален нагон.
Покрај тоа, многу мажи на оваа возраст чувствуваат голем стрес поради работата, семејството и други обврски, што може многу да влијае на тоа колку се заинтересирани за секс.
Мажи 50+
За мажите во оваа фаза од животот кои се во добро ментално и физичко здравје, нема причина зошто да не продолжат да уживаат во својот сексуален живот.
Но, на оваа возраст често се јавува проблемот со еректилната дисфункција, односно ерекцијата станува поретка и недоволно силна за сексуален однос.
Самото стареење не е главната причина за еректилната дисфункција, туку здравствените проблеми кои доаѓаат со возраста, како што се срцевите заболувања, дијабетесот, високиот холестерол и лековите што се користат за нивно лекување.