ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ОКТОМВРИ

Овен
Ќе ви биде потребен соработник во кој имате доверба за да ги изреализирате деловните идеи. Мора да ја разберете личноста која ја сакате, дури и кога греши. Нема потреба да се однесувате како „морален судија“. Каква било физичка активност ќе ви делува како психотерапија. Одлучете сами.

Бик
Бидете самоуверени, нема потреба да се двоумите околу веќе утврдените правила на работното место. Ќе ве очекува пријатно изненадување од нечија страна. Искрено заблагодарете се бидејќи, на крајот од сѐ – доброто се враќа со добро. Сочувајте го оптимизмот и самодовербата.

Близнаци
Нема причина да ги мистифицирате вашите деловно-финансиски планови. Чувствувате потреба од поголемо внимание и нежност од партнерот. Ако не го добиете, лесно ќе бидете привлечени од трета личност. Почестете се со опуштање и уживајте во прошетка во природа.

Рак
Денес е важно да ги одделите заедничките интереси од личните амбиции. Оставете ги стресните обврски за друг ден. Ќе имате недоразбирање со партнерот бидејќи, да бидеме искрени, претерувате во вашите барања. Денес ќе се чувствувате особено уморни, затоа дајте си време да одморите.

Лав
Лавови, вашите соработници ќе имаат впечаток дека не работите тимски и дека не сте колегијални. Спремете се за критики од нивна страна. Признајте си на самите себе дека не сте секогаш во право и покажете поголема емпатија за вашиот партнер. Ќе ви биде потребна психолошка поддршка.

Девица
Денес ќе бидете многу директни и искрено ќе зборувате за работите кои ви пречат. Нема да можете да ги поднесете неправдите на работното место. Смирете ги страстите и навремено спречете конфликтна ситуација со партнерот. За сечие добро, обидете се да ја контролирате нервозата.



Вага
Кавга со еден од вашите соработници ќе се претвори во непријатна ситуација и финансиска загуба. Бидете внимателни со зборовите во комуникацијата со партнерот, некои работи ќе бидат погрешно сфатени. Опуштете се со добро вино и вашето омилено хоби. Не заспивајте со лоши мисли.

Скорпија
Иако сте многу вредни на работното место, некој друг ќе добие поголеми привилегии. Ќе ви треба голема емотивна поддршка од саканата личност, во спротивно ќе паднете во лошо расположение.

Стрелец
Денес ќе сфатите дека иако работите многу, нема да имате голем успех ако вашите соработници се немотивирани. Ќе имате дилеми во врска со односот со партнерот, нешто што ќе влијае на вашето променливо расположение. Дишете, сѐ ќе биде во ред.

Јарец
Доколку имате одредени дилеми, преземете ги работите во свои раце. Следете го вашиот „внатрешен глас“ во комуникацијата со партнерот – вашето срце ќе го направи совршениот избор. Поттикнете го позитивното расположение, дотерајте се и излезете со вашите пријатели.

Водолија
Обидете се да бидете креативни во смислувањето нови идеи во деловното работење. Денес ќе направите грешка во врска со ваша драга личност. Извинете се и обидете се да не ги правите истите грешки. Како и да е, секој греши и не се чувствувајте многу лошо во врска со тоа.

Риби
Колку и да сте гневни за нешто, обидете се да најдете деловен компромис. Тоа е единственото правилно решение. Покажете разбирање за вашето семејство, не можете да избегате од семејните проблеми. Решете ги денес. Потребна ви е психолошка рамнотежа.