ЌЕ МЕ САКАШ ЛИ И КОГА НЕ СУМ ЗА САКАЊЕ?

Дали ќе ме сакаш кога ќе направам грешки?

Кога врескам како луда и не сакам да ги слушнам зборовите со кои ме тешиш…

Дали ќе ме сакаш кога се чини дека се откажувам, оставена без сила?

Ќе ме кренеш ли тогаш, ќе ме натераш повторно да верувам во себе?

Ќе ме сакаш и во моите најтешки денови кога само сакам да се скријам од светот и да плачам?

Кога ме гледаш слаба, но толку искрена и вистинита пред тебе…



Понекогаш ми се чини дека нема да бидам јас затоа што болката ќе биде посилна од мене…

Ќе ме сакаш ли кога не сум сакана – луда, дива, тажна, мрачна, како да сум се изгубила?

Затоа што, љубов моја, ќе има вакви денови…

Нема секогаш да биде убаво, нема секогаш да биде лесно, но те молам сакај ме и тогаш!

Затоа што јас ќе те сакам уште повеќе!