- Риби
Вие сте роден уметник. Комбинацијата од чувства, способност за перцепција и својствената интровертност ве прави најкреативен знак од целиот Зодијак. Како последен знак од Зодијакот, за вас се смета дека имате по малку од секој знак па затоа уметноста ви е силна страна. Имате силна интуиција, па така преку уметноста можете да влијаете речиси на секого. - Водолија
Во најголем дел од случаите, вие имате големи, револуционерни идеи дури и ако не секогаш знаете како да ги спроведете во реалноста. Вие доминирате кога станува збор за сложени иновации и уредување простори, сето тоа на начин на кој другите не би можеле ни да замислат. Можеби не сте најуметничките души, но не може да се занемари вашиот вроден талент за уметност и креативност. - Близнаци
Вие сте креативни особено во моментите кога сте самоуверени во она што го правите. Вас ве води идејата дека она што можете да го создадете е подобро од сето она што било направено досега. Иако не сте многу суптилни кога станува збор за прикажување на вашиот талент пред другите, сепак, мора да признаеме дека сте генијалци во вашата област. - Вага
Вие сте продуктивни и креативни, но на дисциплиниран начин. Вас ве водат убавината, љубовта и рамнотежата што е причина зошто ја вложувате сета енергија за да ги направите работите естетски привлечни. Многумина ја оценуваат вашата креативност како здодевна. Но, иако не сакате да експериментирате, не значи дека не сте склони кон уметност. - Скорпија
Вие сте особено креативни кога станува збор за избирање свој личен стил. Имате голема самодоверба, а таа некогаш се манифестира преку тетоважите, смелите парчиња облека, предметите во домот. Можеби и не сте толку креативни претприемачи (не сте толку интуитивни како другите знаци), но сте навистина естетски наклонети. - Бик
Како Вагите, така и вие сте креативни, особено бидејќи обраќате внимание на тоа како нештата изгледаат. За вас животот има смисла само доколку изгледа убав. Сепак, понекогаш имате тешкотии да ја покажете вашата креативност затоа што не ви е вродена, туку морате да поработите на неа. - Рак
Лесно може да го дефинирате уметничкиот стил кој го цените, но не секогаш сте креативни особено кога станува збор да направите нешто за себе. На пример, не ви претставува никаков проблем да изберете облека или постелнина за кревет од каталог бидејќи имате силно чувство за тоа што сакате. Истото се случува и кога се работи за избор на книга или филм. Сепак, ретки се оние од вас кои можат да се пофалат со креативност. - Овен
Вашата одлучност е таа што ве спречува да бидете креативни во животот. Вие постојано сакате да знаете зошто правите нешто ако нема друг мотив покрај создавањето само за себе. Таквата логика ве кочи да ја изразите својата креативност. Не дека не сте доволно способни да бидете креативни, туку најчесто ја покажувате креативноста само кога ве води некаква егзистенцијална, логична сила. - Девица
Знаете да бидете креативни само кога се работи за нешто важно. Ако се појави некаков проблем во вашето непосредно опкружување и некој треба да најде брзо решение за истиот, вие настапувате на сцена. Ако некој од вашите пријатели наиде на некаков проблем, вие сте првите кои предлагате решение. Кога станува збор за креативност, вие едноставно немате ниту време ниту желба. Сè додека вашите работи се под контрола, повеќе би сакале да го трошите времето консумирајќи ја туѓата уметност отколку да размислувате како да направите нешто самите. - Стрелец
Наместо да ги развивате своите креативни способности, вие сте повеќе склони кон тоа да ја впивате туѓата уметност, да собирате информации, да развивате врски и секогаш да го имате најинтересното мислење во друштвото. Не велиме дека не сте способни да бидете креативни, туку повеќето од вас се страсни читатели и љубопитни истражувачи на нови места. - Јарец
Понекогаш вашите нереални стандарди и идеи ве ограничуваат за вистински да ги развиете креативните способности. Еден од најголемите предизвици во животот ви е како да излезете од туѓите сенки (каде најчесто се сместувате) и да го пронајдете своето место. Не е во ваша природа да бидете особено креативни, но тоа ве прави исклучително добри технички писатели. Ваша особина е да собирате туѓи информации и да ги составувате на начин што другите ќе го разберат. - Лав
Вашиот хороскопски знак е најмалку креативен затоа што на моменти уметноста ви дава чувство на здодевност. Вие повеќе уживате во авантурите и искуствата надвор од границите на сопствените срца. Најчесто се обидувате да не претерате со размислувањето за одредени нешта, па така не сакате да седите со скрстени раце и да размислувате, а потоа да ги отелотворите мислите во нешто креативно. Вие сте практичен и приземјен хороскопски знак.
КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈКРЕАТИВНИ?
