Хибискус
Егзотичната билка хибискус има прекрасен цвет кој се суши за да се направи чај. Овој ароматичен пијалок има малку кисел вкус и е многу лековит. Поволно делува на срцето и крвните садови, го намалува крвниот притисок , како и нивото на холестерол и триглицериди во крвотокот. Добар е и за лекување на разни бактериски инфекции.
Како се прави чајот?
Една лажица суви цветови хибискус прелијте со 200 мл зовриена вода. Покријте и оставете да отстои 30 минути. После тоа, процедете и пијте топло. Се препорачуваат најмногу 3 шолји дневно.