ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ЈА ФРЛАТЕ КОРАТА ОД ЈАБОЛКОТО

Затоа се препорачува јаболкото да не се лупи, туку да се јаде со кора.

Поголемиот дел од влакната се наоѓаат во кората

Јаболко со средна големина содржи 4,4 грама влакна. Без кората остануваат само 2,1 грам, што не е доволно за да се нарече јаболкото „добар извор на влакна“.

Полн е со витамини

Едно јаболко со кора има 8,4 милиграми витамин Ц и 98 меѓународни единици (IU) витамин А. Без кожата остануваат само 6,4 милиграми витамин Ц и 61 IU витамин А.

Го ублажува проблемот со дишењето



Но, само ако го јадете со кожата. Соединението кое влијае на дишењето се нарекува кверцетин и се наоѓа главно во кожата на јаболката. Една студија покажа дека луѓето кои јаделе пет или повеќе јаболка неделно имале подобра функција на белите дробови благодарение на ефектот на кверцетинот.

Кверцетинот влијае и на меморијата

Студијата спроведена пред речиси две децении покажа како антиоксидансот се бори со оштетувањето на мозочното ткиво поврзано со Алцхајмерова болест и други дегенеративни проблеми.

Одржува витка линија

Урсолната киселина (состојка во кората на јаболкото) помага во градењето на мускулите и согорувањето на калориите. Едно јаболко со кора дневно го намалува ризикот од дебелеење,