Овен
Некој од соработниците ќе предизвика сомнеж кај вас. Сепак, преголемата дискреција од ваша страна ќе остави негативен впечаток. Разговарајте со вашиот партнер и точно дефинирајте ги вашите емотивни желби. Блискост со некоја личност ќе ви го подобри расположението.
Бик
Денес ќе имате можност да ги покажете вашите способности, направете сѐ што е во ваша моќ да оставите добар впечаток. Јасно ви е дека не можете да добиете сѐ што ќе посакате, но сѐ уште не знаете како да уживате во она што веќе го имате. Преголемата грижа ќе ви влијате на концентрацијата.
Близнаци
Ќе бидете сомничави во врска со нечии деловни ветувања, но треба да знаете дека внимателноста ќе ве заштити од погрешни потези. Вашиот партнер има добри намери, но не успева да ви го даде тоа што ви треба. Барем денес – не. Избегнувајте ги обврските кои премногу ве заморуваат.
Рак
Конечно, денес ќе имате можност да ја завршите работата што ќе ви донесе психичко олеснување, но не и материјална корист. Договорете средба со саканата личност. Денес, како никогаш претходно, вашиот партнер ќе влијае на вашето добро расположение. Одвојте време за себе и својот душевен мир.
Лав
Анализирајте ги новите настани на деловната сцена, со тоа ќе откриете разни неправилности во работењето. Денес ќе морате да се соочите со вистината и со работите кои не ви се допаѓаат кај партнерот. Или ќе ги прифатите неговите маани, или сами ќе продолжите понатаму. Секоја друга опција е лоша за вас.
Девица
Без оглед на вашата снаодливост во деловните средби, ќе постојат работи кои нема да се вклопуваат во вашата првична проценка на нештата. Премногу се грижите без причина. Во моментот, партнерот не сака да ви ги довери своите мисли или чувства. Бидете трпеливи, секој има такви периоди.
Вага
Вашата критичка природа или голема упорност ќе бидат протолкувани на погрешен начин. Сепак, тоа нема да ве спречи да го наметнете вашето мислење. Не заборавајте дека постои граница помеѓу практичните интереси и емоционалното задоволство, не е дозволено сѐ што сакате.
Скорпија
Ќе бидете збунети од одговорите што ќе ги добиете од вашите соработници, бидејќи секој ќе има своја верзија на приказната. Во романтична смисла, сѐ повеќе почнува да ви пречи нечие присуство или однесување. Ќе почувствувате потреба да се тргнете од целата ситуација.
Стрелец
Денес ќе имате храброст да го кажете своето мислење. Треба да покажете и одредени дипломатски манири на деловните состаноци. Ако имате желба да влијаете на мислењето на партнерот, бидете малку поитри. Попладне одвојте време за некоја спортска активност и на тој начин канализирајте го стресот.
Јарец
Ќе се обидете да го одредите вашето место во деловните кругови, но и да ги зачувате добрите односи со колеги во кои имате доверба. Не дозволувајте нечие однесување да ве испровоцира и да имате погрешна емотивна реакција. Контролирајте ја својата импулсивна страна.
Водолија
Ако не постои добра причина за такво нешто, не ги критикувајте соработниците за нивното однесување. Секоја критика е добредојдена, но тенка е линијата меѓу мобинг и советување со добра намера. Денес ќе имате лошо чувство во врска со вашиот партнер, па ќе делувате напнато и сомничаво.
Риби
Важно е да постигнете позитивни резултати, но не по цена да ја прекинете деловната соработка. Послушајте ги советите од поискусните колеги. Вашата сакана личност ќе направи сѐ што е потребно за да ги исполни сите ваши очекувања. Избегнувајте стресни и напорни ситуации.