Чајот е магичен пијалок. Не само што е многу корисен, може да излечи настинка и многу други болести, може да не направи и поубави.
Британските научници открија дека чајот има посилна способност да хидратира од (препорачаниот просек од 1,5 L/ден) чиста вода, а тоа целосно се постигнува со 4 до 6 шолји чај.
Чајот има уникатни хидратантни својства и покрај различните нивоа на кофеин во него.
Во еден експеримент, од вклучените околу 20 жени (просечна возраст од 38 години), половина земале чај, а останатите вода. Од примероците на крв земени пред и по експериментот, утврдено е нивото на хидратација, а резултатите покажале дека ефектот на чајот бил посилен од оној на водата.