ПРЕДЛОГ КНИГА- НА БАЛ СО КРАЛОТ ОД РОЗАЛИНД ЛЕЈКЕР

Едно мајско утро, во 1664 година на свет доаѓа едно преубаво девојче. Со раѓањето на малата Маргерита започнува семејната сага за четири генерации на одлучни жени чии судбини се поврзани со замокот во Версај и со сите политички игри кои се водат таму.Секоја од овие жени: Маргерита, Јасмина, Виолета и Роза се посебни и значајни на свој начин, а нивните цврсто изградени ликови го прават овој роман дело за паметење.