Љубов моја, нема потреба да ти кажувам колку те сакав, бидејќи ти тоа многу добро го знаеш.
Да, добро прочита – сакав (минато време).
Понекогаш колку и да е силна љубовта, кога другата страна не возвраќа, таа едноставно исчезнува како чад.
Сè уште те нарекувам љубов моја, но не затоа што си љубовта на мојот живот – не!
Само не знам како да те наречам…
Ти беше цел свет за мене, а јас бев она што бев за тебе – детска кукла со која си играше секој ден.
Бев слепа, заслепена од моите чувства, кои беа толку искрени.
А тебе ти требаше само жена која ќе се грижи за тебе и ќе се согласува со се.
Во исто време, правеше што сакаш, одеше по други жени и ме ставаше на последно место.
Па, љубов моја, сè завршува тука!
Ти ми го скрши срцето, но не и мојот живот!
Станав помудра и посилна, а сега знам и што заслужувам!
Заслужувам човек кој е сосема спротивен од тебе – добар, вистински, маж со достоинство!