ЗОШТО ТОЛКУ МНОГУ ВРСКИ СЕ РАСПАЃААТ?

Денес е многу тешко да ја одржиме нашата врска здрава. Но зошто? Заборавивме ли вистински да сакаме…

Ние не бараме љубов

Бараме моќни искуства. Сакаме со некој да излеземе и да се забавуваме, а не некој што не разбира дури и кога молчиме. Поминуваме време заедно, но не создаваме спомени. Не сакаме да живееме досаден живот. Не сакаме партнер за цел живот, само некој кој е добар за нас овде и сега. И ова е толку привремено… Кога страста ќе згасне, разбираме дека никој не нè подготвил за обичен живот. Не веруваме во убавината на предвидливоста бидејќи сме премногу заслепени од жедта за авантура.

Бараме моментално задоволство. Веднаш

Кога објавуваме нешто на интернет, веднаш очекуваме лајкови. Кога избираме професија – сакаме признание и раст веднаш. И кога избираме личност – чекаме голема љубов. Сакаме зрелост во односите, а тоа доаѓа со време. Бараме емотивна врска и потребни се години за да се развие. Но, ние го сакаме сето тоа сега. Веднаш. Затоа што немаме ниту време ниту трпение.

Ние сме луѓе кои не се задржуваат долго на едно место

Се плашиме од посветеност. Дури веруваме дека не сме создадени за врски. Не сакаме да се „смириме“. Оваа мисла дури нè плаши. И ние заминуваме. Ја презираме постојаноста како општествено зло. Претпочитаме да веруваме дека сме различни од другите. Претпочитаме да мислиме дека не ги почитуваме општествените норми. Сакаме да доминираме, да бидеме лидер во врската, без да сфатиме дека сме двајца и дека во вистинската љубов егото не вреди, едноставно не е важно.

Ние сме генерација на лесен и достапен секс и брзи раскинувања

Ние сме генерација која себеси се нарекува „сексуално ослободена“. Го одделуваме сексот од љубовта. Или така мислиме. Прво имаме секс, а потоа одлучуваме дали сакаме да бидеме со таа личност. За нас сексот е како излегување на пијачка – само за задоволство, иако привремено. Имаме дури и специјални концепти како што се „слободни врски“, „one night stands“ итн…