Ноќ на вештерките (англиски: Halloween, скратено од All Hallows’ Evening — „Вечерта на Сите Свети“) — празник што се слави на 31 октомври. Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain), додека други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени. Ова е народен празник, но посебно врзани со него се некои христијани и пагани, особено Ирските доселеници во Северна Америка кои донеле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги (trick-or-treat), посетување на „проколнатите“ места, палење логорски оган, маскенбал, резбање тикви (jack-o’-lanterns), „вадење јаболка“ (apple bobbing), читање страшни приказни и гледање хорор-филмови.
Видеата од малата Сара Мелани можете да ги гледате на нејзиниот канал Princess Sarah Melanie