Јаболковиот оцет не е само одличен зачин за многу јадења, туку и исклучително корисен производ со многу намени. Јаболковиот оцет може да направи чуда за телото и здравјето. Неговите придобивки се познати со векови. Оцетот може да се користи и како додаток во вашата топла када. Неговите состојки имаат корисен ефект врз зглобовите, кожата, косата…
Кои се придобивките од јаболковиот оцет при топла бања?
Јаболковиот оцет, особено нерафиниран, содржи пробиотици, минерали и витамини кои се исклучително корисни за кожата и телото. Потопувањето во бања со оцет може да биде навистина многу добро за организмот. Прочитајте зошто:
Ги ублажува проблемите со кожата
Јаболковиот оцет ги убива бактериите и габите на кожата, кои предизвикуваат воспаление на кожата и болести. Некои проблеми со кожата, како што се егзема, првут, псоријаза, акни се предизвикани од прекумерен раст на микроорганизмите на кожата. Оцетот помага во балансирање на pH вредноста на кожата и ги неутрализира овие патогени микроорганизми. Оцетната бања ја прави кожата жива, свежа и здрава.
Го смирува воспалението
Јаболковиот оцет го намалува воспалението како резултат на оцетната киселина во неговиот состав. Оцетот додаден во вашата бања ги смирува воспаленијата на кожата, изгорениците, чешањето. Лежењето во бања со оцет 30 минути го смирува црвенилото и иритацијата, па дури и ја намалува болката во зглобовите.
Ја враќа рамнотежа на pH
Кожата има природно кисела средина. Употребата на несоодветна козметика и честото миење со детергенти и средства за чистење ја прави кожата алкална. Силно алкалната средина ја прави кожата сува и склона кон иритација и воспаление, сувост и пукање. Оцетната киселина помага да се врати оваа рамнотежа со навлажнување и омекнување на кожата.
Ја ублажува болката
Оцетната бања помага при болка во мускулите и воспаление на зглобовите. Ако се чувствувате уморни од физичка активност или вкочанети од продолжено седење или стоење, бањата со оцет може да помогне во олеснување на оваа непријатност.