Веќе сме во сезона на настинки и вируси, и мораме некако да го зајакнеме имунитетот.
Ви нудиме прекрасна смеса која ќе ве одржува здрави и во студените денови.
Потребни состојки:
1 корен од ѓумбир
5 лимони
3 лимети
1 кг шеќер
Начин на подготовка:
Сите состојки исечкајте ги на парчиња без да ги излупите лимоните и лиметите.
Измешајте сè без шеќерот за да добиете хомогена паста.
Дури потоа додадете го шеќерот, измешајте многу добро и оставете ја смесата два часа.
Префрлете ја во чисти тегли, затворете ги капаците и чувајте ја во фрижидер.
За силен имунитет јадете по неколку лажици дневно од смесата. Многу е пријатна на вкус, а придобивките од неа се бесконечни.