ОДЛИЧЕН ТРИК  КАКО ДА ИЗЛУПИТЕ ЈАЈЦЕ ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИ

Денес избравме одличен трик за лупење на јајца за неколку секунди.

Кога ќе дознаете колку е лесно, нема повеќе да се мачите. И добрата работа е што вашиот протеин секогаш ќе остане цел.

Која е тајната?

Откако ќе ги сварите јајцата, исцедете ја водата и прелијте ги со ладна вода за побрзо да заврши процесот на готвење.

Лесно потчукнете едно јајце на работ од масата, колку да ја распукне лушпата. Направете го тоа од сите страни и потоа земете го во ваши раце. Почнете да го тркалате како да месите ќофтиња.

Треба да се примени лесен притисок за да се одвои лушпата од јајцето. А потоа со едно движење можете да го отстраните.

Лесно и брзо!