Љубовта е пред се пријателство. Да, секако треба да има страст меѓу вас, да чувствувате пеперутки во стомакот (или барем на почетокот) и да копнеете по неговите бакнежи.
Но, ако меѓу вас нема пријателство и разбирање, тогаш вашата врска веројатно нема да трае вечно.
Нема ништо подобро од тоа да можете да споделите со партнерот се што ви тежи и ве возбудува. Да се зборува со часови на секакви теми и никогаш да не се заморува од тоа.
Ова е вистинска љубов – да бидеме добри еден со друг!
Разбирањето и хармонијата во врската се основни. Тие се гаранција дека ќе трае долго, а зошто да не и цел живот.
Затоа најдете некој со кој уживате да ги поминувате деновите. Личност која ве слуша, ве разбира и ви помага. Секогаш и во секоја ситуација!


