14 ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТОЈ ВЕ ПРАВИ БУДАЛА

Ако барате сериозна и исполнета врска, важно е да не дозволите да ве прават будала.

Кои се знаците дека вашиот партнер ве прави будала?

  1. Не ви се јавува кога ви кажал дека ќе ви се јави.
  2. Постојано доцни на вашите состаноци и не ви дава до знаење дека ќе се случи тоа.
  3. Воопшто не се појавува на вашите состаноци. Тој ви пишува некој глуп изговор.
  4. Постојат правила кои не сака да ги прекрши. Бара од вас да се придржувате до неговите правила.
  5. Тој знае многу повеќе за вас отколку вие за него.
  6. Нему не му е грижа како ви поминал денот. Кога ќе се видите, главната работа за која зборувате е неговиот ден.
  7. Не кажува никому за вас. Кога случајно ќе ги запознаете неговите пријатели, чувствувате дека тие не знаат ништо за вас.
  8. Не ве кани кај семејството и пријателите.
  9. Тој не ги поминува празниците со вас.
  10. Има многу пријателки, кои не сака да знаат за вас.
  11. Не ви кажува што прави, кога ќе биде дома, каде бил и со кого.
  12. Со вас не зборува за своите идни планови. Секогаш ги задржува темите на површина.
  13. Тој не се плаши да ви покаже дека има свој живот во кој вие не сте вклучени.
  14. Имате чувство дека треба да се промените за да одговарате на неговите барања.