ТРИТЕ ФАКТОРИ КОИ ОДРЕДУВААТ ДАЛИ МАЖОТ Е ПОДГОТВЕН ДА СТАНЕ СОПРУГ

Машките и женските сфаќања за бракот се разликуваат. Додека дамите сонуваат да се видат облечени во бело, со прстен на раката, мажите често се заплашуваат од тоа, барем на почетокот. А еве ги трите фактори кои одредуваат дали мажот е подготвен да биде сопруг:

Возраста
Можеби ви звучи банално, но кога се во прашање мажите, годините играат важна улога во многу работи во нивниот живот. Кога се помлади, посилниот пол сè уште не се чувствува доволно подготвен да се посвети на жената до степен на брак. Тоа не значи дека немаат чувства кон неа, тие само претпочитаат да ја доживеат својата младост на поинаков начин.

Неговото ниво на зрелост
Нивото на зрелост може да биде најфрустрирачкиот фактор, бидејќи понекогаш на мажите им требаат години или децении да достигнат вистинска зрелост – а потоа одеднаш го прават тоа. Што ги објаснува нивните цврсти одлуки во одреден момент од животот дека се подготвени да се посветат на само една жена.

Неговото верување дека може да подобри нечиј живот
Внимателните, сочувствителни мажи често си го поставуваат ова прашање кога ќе запознаат романтична партнерка: „Како да ѝ го направам животот подобар отколку што е сега?“. Ако одговорот е „Веројатно не можам“, тогаш нема договор. Овие мажи нема да стапат во брак додека не успеат да направат вистинска промена во нечиј живот. За нив е важно не само да ве направат посреќни, туку и да ве променат на подобро.