Според астролозите, некои хороскопски знаци имаат среќа да живеат подолго од другите.
Се разбира, начинот на живот што го водиме има огромно влијание врз тоа колку долго живееме.
Сепак, некои хороскопски знаци можат да ги надживеат другите. Еве кои се тие:
Овен
Претставниците на овој знак имаат многу среќа во животот и воопшто ретко им се случува неволја. освен тоа, тие се грижат за својата сегашност, посветуваат доволно време на спортување, се хранат здраво и се занимаваат со духовни практики. Избегнуваат да јадат надвор, претпочитајќи да ја подготвуваат храната дома.
Водолија
Водолиите се исклучително љубопитни, живи и позитивни луѓе. Можеби ова е една од причините зошто живеат толку долго. Дури и да се сами, никогаш не им е досадно и знаат да уживаат во животот.
Вага
Вагите сакаат да се грижат за себе и за своите сакани. Тие имаат многу добри срца, сакаат длабоко и се исклучително сочувствителни. Грижата за другите и постојаното вршење некаква добротворна работа им дава смисла во животот.
Знаат и да се одморат психички, што е многу важно за нивното здравје