Ако сакате да грицкате семки, треба да знаете дека тиквите се најдобриот избор. Имаат бројни придобивки за нашето здравје кога се консумираат во правилни количини.
Семките од тиква се меѓу најдобрите природни извори на магнезиум. 100 грама семки од тиква содржат 92% од препорачаната дневна доза. Магнезиумот е неопходен за контрола на крвниот притисок и за намалување на ризикот од срцеви заболувања.
Ја подобруваат функцијата на мочниот меур. Во студијата спроведена на 45 луѓе со хиперактивен мочен меур, наодот покажа дека екстрактите од семки од тиква ја подобруваат дневната функција на мочниот меур.
Семките од тиква содржат омега-3,6 масни киселини, влакна и антиоксиданси. Влакната се важни за намалување на нивото на холестерол во крвта, што доведува до здраво срце. Семето содржи и фитостероли, кои го намалуваат нивото на ЛДЛ холестеролот.
Тие се и природен антидепресив. Семките од тиква содржат L-триптофан, соединение ефикасно против депресија.


