ВАКА ВИ ШТЕТАТ НЕГАТИВНИТЕ МИСЛИ

Начинот на кој луѓето околу вас реагираат на емотивните настани, без разлика дали се позитивни или негативни, може да биде заразен за вас, особено ако сте во состојба на емоционална нестабилност.

Уште повеќе, зголемениот ризик од депресија што доаѓа со негативни мисли, исто така, може да се пресретне во такви моменти, веруваат истражувачите.

Тие цитираат студија на 103 двојки бруцоши кои делеле соба. Анализата покажува како тенденцијата да се мисли дека негативните настани и мисли водат кон повеќе негативни работи (когнитивна ранливост) е сосема реална. Оние кај кои когнитивната ранливост е особено силна се изложени на поголем ризик од развој на депресија.

„Откривме дека когнитивната ранливост на учесниците е во голема мера под влијание на луѓето со кои живееле“, објаснуваат истражувачите.

Сите учесници во студијата беа избрани по случаен избор и по само 3 месеци заеднички живот се појавија јасни знаци за заразната природа на размислувањето.

Студијата покажала дека учениците кај кои когнитивната ранливост се зголемила развиле 2 пати потешки симптоми на депресија во следните 6 месеци .

Особено фактори на ризик кои ја зголемуваат ранливоста се силните емоционални нарушувања и големите промени во личниот живот.