КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЧАЈ ОД ЈАГОДИ

Јагодите се омиленото овошје на многумина, имаат сладок вкус, идеални се за подготовка на разни десерти и симболизираат љубов. Кога чистите јагоди, веројатно ги фрлате зелените стебла. Сепак, многу стручњаци за народната и природна медицина истакнуваат дека стеблата од јагоди можат да имаат различни придобивки за здравјето и убавината.

Стебленцата, односно листовите на јагодите се богати со голема количина на витамин Ц. Од нив се подготвуваат чаеви кои делуваат против стрес , замор, лошо расположение и позитивно делуваат на здравјето на бубрезите.

Исто така, стебленцата од јагоди се користат како природно средство за зачувување на младоста . Кога ќе се измешаат, може да се користат како маска против брчки на лицето и вратот. Листовите од јагоди се исто така корисни за нега на косата.

Јагодите позитивно делуваат на регулирање на шеќерот во крвта , но важно е во сето горенаведено да се користат само јагоди од органско потекло.

Како да направите органски чај од стебло од јагода:

Во 300 мл зовриена вода ставете една лажица измиени и исечкани стебленца и оставете да отстои 20 минути. После тоа, процедете и оставете да се излади. Се препорачува да се пие по една шолја два пати на ден.