Кефирот е здрав пијалок полн со пробиотици, здрави квасци, витамини, минерали и хранливи материи кои се корисни за здравјето. Но, истакнуваат лекарите, многу е важно во кое време го пиете за максимално да ги искористите неговите благодети.
Кога е најдобро време за пиење кефир?
Познато е дека ферментираните млечни производи се богатство на амино киселини, односно протеини, кои помагаат во правилното градење на мускулите и ткивата во целото тело.
– Овие состојки се особено потребни на децата кои растат и на организмите кои закрепнуваат. За разлика од млекото, кефирот има голема предност – неговите протеински синџири се пократки, па полесно и побрзо се вари“, објаснуваат нутриционистите на Kline Mayo.
Лекарите истакнуваат дека најдобро е кефирот да се пие наутро, на празен стомак, како и пред спиење. Во првиот случај го подобрува варењето, а во вториот го потиснува чувството на надуеност и преку ноќ ги „полни“ цревата со корисни бактерии.
За подмладување на телото
Поради фактот што кефирот толку добро се апсорбира и вари, можете да го пиете непосредно пред спиење. Покрај тоа, во кефирот има и некои други состојки кои се многу корисни за здравјето: тој е полн со витамини Ц, А, ПП, Д и Б витамини (Б1, Б2, Б5, Б6, Б9, Б12), холин и бета- каротин. Содржи и минерали – фосфор, калиум, бакар, хром, калциум, сулфур, натриум и така натаму. Витамините и минералите поволно делуваат на организмот