Кога веќе некое време сме во врска со некого, почнуваме да размислуваме за следната фаза во нашата врска – вселување заедно. Звучи некако природно и лесно, но не е секогаш така. Има некои црвени знамиња кои треба да не натераат да размислиме за основни работи пред да преминеме на следното ниво. Проверете кои се тие:
Често се расправате
Ако расправиите се вообичаена појава во вашата врска, можеби е добра идеја во оваа фаза да го одложите собирањето под еден покрив. Малку е веројатно дека скандалите ќе се намалат откако ќе живеете заедно. Многу парови имаат комуникациски предизвици, но ако најчесто се карате кога сте еден до друг и не можете брзо да се откажете од расправиите, заедничкиот живот нема да ја подобри комуникацијата. Ако сфатите дека имате слаба комуникација, работете на нејзино подобрување пред да одлучите да го направите следниот чекор во вашата врска.
Повеќе сте загрижени за одлуката отколку возбудени
Нормално е да бидете под стрес поради потегот, но важно е и дали чувствувате возбуда, радост поради овој факт. Вселувањето со вашиот партнер под еден покрив, во еден дом, треба да биде возбудливо, а не да предизвикува вознемиреност. Некое двоумење е нормално и здраво. Преселувањето со некого е голем чекор што нè вади од удобноста на нашиот дом. Има многу непознати, но ако чувството дека не сакаш да бидеш таму е поголемо од тоа да си со саканата личност – не избрзувајте со овој чекор.
Никогаш не сте зборувале за пари
Темата за финансиите во врската е многу важна и клучно е да разговарате за тоа како ќе се распределат киријата/кредитот, комуналиите и другите трошоци. Разговорот за пари е од суштинско значење кога размислувате да се преселите заедно. Затоа, ако никогаш не сте го имале овој конкретен разговор или не сте сигурни дека се чувствувате удобно, можеби нема да бидете подготвени да живеете со вашиот партнер. Запомнете дека во љубовните врски е важно да си верувате еден на друг, да бидете отворени еден со друг и да не се плашите да се изразувате.
Сакате да живеете заедно само за да заштедите пари или да имате материјална корист еден од друг
Финансиите не треба да бидат единствената причина да бидете со некого бидејќи порано или подоцна врската ќе се распадне. Односите можат да имаат корист само ако заедно гледате во иста насока за парите, имате идеи, визии, вложувате еднакви напори за да бидете финансиски сигурни како пар.
Не сте дарежливи и не споделувате еден со друг
Или еден од вас е. Заедничкото вселување обично бара многу споделување, па ако сте навикнати да бидете сами и не сакате да споделувате работи со вашиот партнер, чекорот наречен заеднички живот веројатно не е добра идеја во овој момент.
Никогаш не сте се соочиле заедно со тешкотии или пречки
Ова може да ви даде подобра идеја за тоа како и двајцата се справувате со тешки ситуации. Како партнерот се однесува кога е вознемирен е дел од информациите што ги собирате пред да се преселите кај него. Како ви приоѓа кога ви е тешко е исто така клучна информација. Не се само убавите моменти кои откриваат многу за видот на личноста со која сме во врска. Тешкотиите се исто така тест за двајца.
Се разбира, тоа не значи дека треба да сте поминале низ нешто тешко заедно за да можете двајцата да живеете среќно до крајот на животот. Но, добро е да знаете како и двајцата се справувате со тешки ситуации.