Витамините Б, вклучувајќи го и витаминот Б6, ја подобруваат функцијата на надбубрежните жлезди, помагаат во смирување и одржување на здрав нервен систем и се неопходни за основните метаболички процеси. Витаминот Б6 делува како коензим во разградувањето и апсорпцијата на јаглени хидрати, масти и протеини.
Еве неколку придобивки од витаминот:
Придобивки за имунолошкиот систем
Витаминот Б6 игра важна улога во обновувањето на имунолошкиот систем до потребното функционално ниво. Ова му помага на човечкото тело да издржи голем број инфекции, од кои телото лесно може да настрада во отсуство на овој важен витамин.
Метаболизам
Витаминот Б6 има способност да метаболизира голем број хранливи материи – масти, витамини, јаглени хидрати и други важни компоненти како што се амино киселините.
Пред-менструален синдром
Витаминот Б6 има значајна улога во лекувањето на предменструалниот синдром. Нивото на пиридоксин се намалува во овој период, што доведува до промени во расположението, губење на сексуалниот нагон и други проблеми.
Под стрес
Овој витамин се користи за лекување на голем број емоционални нарушувања. Недостатокот на овој витамин може да влијае на хормоналната рамнотежа, што на крајот доведува до емоционални нарушувања.
Ги контролира хормоните
Витаминот Б6 е корисен за одржување на нивото на хормони во човечкото тело, што помага да се контролираат голем број активности и метаболички процеси во човечкото тело.


